„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.201 од 26.09.2023 г. Одлука за давање согласност на ценовник на висината на надоместокот за мислењата за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите

27.09.2023

Врз основа на член 4-а став (6) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 5 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ НА ЦЕНОВНИК ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА МИСЛЕЊАТА ЗА ПРОЕКТИРАНИОТ И ИЗВЕДЕНИОТ СТЕПЕН НА МЕХАНИЧКА ОТПОРНОСТ, СТАБИЛНОСТ И СЕИЗМИЧКА ЗАШТИТА НА ГРАДБИТЕ
 
1. Со оваа одлука се дава согласност на Ценовник за висината на надоместокот за мислењата за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите бр.03-51/2 од 5.9.2023 година, донесен од Советот на Приватниот научен институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени – ИСОГКП Скопје на седницата, одржана на 5.9.2023 година.
2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3141/18                                Прв заменик на претседателот
5 септември 2023 година                  на Владата на Република
Скопје                                                          Северна Македонија,
                                                                         д-р Artan Grubi, с.р