„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.199 од 25.09.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка

26.09.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ДАНОКОТ НА ДОБИВКА (*)
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 19 септември 2023 година.
 
Бр. 08-4606/1                                           Претседател на Република
19 септември 2023 година                      Северна Македонија,
Скопје                                                          Стево Пендаровски, с.р.
 
                               Претседател
                 на Собранието на Република
                     Северна Македонија,
                         м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА (*)
 
Член 1
Во Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија” број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 232/19, 275/19, 290/20 и 151/21), во членот 9 став (1) точките 5-а) и 10-а) се бришат.
Член 2
Во член 12-а ставот (1) се менува и гласи:
„Обврзникот е должен за трансакциите од членот 12 од овој закон да изготви и да чува извештај за трансферни цени.”.
Во став (2) зборот „поднесува” се заменува со зборовите: „изготвува и чува”.
По ставот (3) се додаваат три нови става (4), (5) и (6), кои гласат:
„(4) Обврзникот е должен, да го чува извештајот од ставовите (1) и (2) на овој член во рок од десет години од истекот на годината за која се однесува извештајот.
(5) Обврзникот е должен на барање на Управата за јавни приходи да и го достави извештајот од ставовите (1) и (2) на овој член, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
(6) Барањето од ставот (5) на овој член, Управата за јавни приходи може да го достави до даночниот обврзник по истекот на 30 дена од рокот за поднесување на даночен биланс утврден во членот 39 од овој закон.“.
Член 3
Во членот 17-а став (2) зборовите: „точки 2), 3-б), 4), 5), 5-а) и 6)“ се заменуваат со зборовите: „точки 2), 3-б), 4), 5) и 6)“.
Член 4
Во членот 28 во ставот (5) по зборовите: „го должи“ се додаваат зборовите: „во петкратен износ“.
По ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: „(6) Доколку даночниот обврзник не го утврди и плати данокот согласно со членот 39 став (2) од овој закон го должи во петкратен износ данокот кој би го платил кога не би го користел ослободувањето од ставот (1) на овој член.“.
Член 5
Членот 30-а се брише.
Член 6
Во членот 39 став (2) зборовите: „и членот 30-а“ се бришат.
По ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи:
„(5) Даночните обврзници кои изготвуваат и чуваат извештај за трансферни цени согласно со членот 12-а од овој закон имаат обврска кон образецот „ДБ - даночен биланс за оданочување на добивка“, да достават Прилог со податоци за трансакции меѓу поврзани лица „П/ТЦ.“.
Ставот (5) станува став (6).
Член 7
Во член 40 ставот (3) се брише.
Ставот (4) станува став (3).
_____________________________________________________________________________________
 (*) Со овој закон се врши усогласување со Директивата 2016/1164 на Советот на Европската Унија од 12 јули 2016 годиназа утврдување правила против практиките за избегнување данок кои директно влијаат врз функционирањето на внатрешниот пазар (CELEX бр. 32016L1164).
Член 8
По членот 42 се додава нов член 42-а, кој гласи:
„Член 42-а
(1) Правата утврдени со овој закон и/или меѓународните договори за оданочување, а кои се однесуваат на намалувања на даночната основа, даночни изземања, ослободувања од плаќање на данок или данок по задршка, намалувања на пресметаниот данок, примена на пониска даночна стапка или поинаков модел на оданочување, даночниот обврзник нема да може да ги користи за аранжман или низа на аранжмани чија главна цел или една од целите е користење на наведените даночни поволности, во случај кога аранжманите не се автентични, а имајќи ги предвид сите релевантни факти и околности кои се од значење за оданочувањето.
(2) Како аранжман од ставот (1) на овој член се смета која било деловна трансакција, активност, шема, договор, обврска или настан кои може да се состојат од еден или повеќе чекори или делови.
(3) За потребите на ставот (1) на овој член аранжман или низа на аранжмани ќе се сметаат дека не се автентични доколку не се воспоставени поради валидни комерцијални причини што ја одразуваат економската реалност, односно ако се воспоставени за целите на затајување на данок или избегнување на плаќање на даночните обврски.
(4) За аранжманот или низа на аранжмани од ставот (1) на овој член, даночната обврска ќе се пресмета во согласност со одредбите од овој закон и од прописите од областа на даночната постапка.”.
Член 9
Во членот 46 став (1) зборовите: „поднесе на Управата за јавни приходи извештај и соодветен образец во пропишаниот рок (член 12-а ставови (1) и (2) и член 39)“ се заменуваат со зборовите: „не го чува извештајот, не достави до Управата за јавни приходи извештаји не поднесе до Управата за јавни приходи соодветен образец во утврдениот рок (член 12-а ставови (4) и (5) и член 39).”.
Член 10
Низ целиот текст на законот зборовите: „Република Македонија” се заменуваат со зборовите: „Република Северна Македонија”.
Член 11
Oбврската за поднесување на извештајот утврден согласно со членот 12-а oд Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија” број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 232/19, 275/19, 290/20 и 151/21) се применува за деловната 2022 година.
Член 12
Обврзниците кои до денот на влегувањето во сила на овој закон искористиле даночно ослободување согласно со членот 30-а од Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија” број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 232/19, 275/19, 290/20 и 151/21), а кај кои е утврдено престанување на условите за даночното ослободување, се должни да го утврдат и платат данокот на добивка врз основа на образец „ДД-ДО“, кој се доставува до Управата за јавни приходи во рок 30 дена од денот на престанување на условите за даночно ослободување.
Член 13
Одредбите од членот 1 oд овој закон со кои се брише членот 9 став (1) точка 10-а), одредбите од членот 5 од овој закон со кои се брише членот 30-а и одредбите од членот 7 од овој закон со кои се брише членот 40 став (3) ќе се применуваат од 1 јануари 2024 година.
Член 14
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.