„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.197 од 21.09.2023 г. Одлука за изменување на одуката за задолжителна резерва

21.09.2023

Врз основа на член 47 став 1 точка 6, а во согласност со член 20 став 2 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21), Советот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА РЕЗЕРВА
 
1. Во Одлуката за задолжителната резерва („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 16/23 и 171/23), во точка 6 став 1 алинеја 3, процентот:
„20%“ се заменува со процентот: „21%“.
2. Во точка 8 став 1 алинеја 2, процентот: „20%“ се заменува со процентот: „19%“.
3. Во точка 9 став 1 алинеја 1, процентот: „80%“ се заменува со процентот: „81%“.
4. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе започне да се применува од 20 декември 2023 година со одржувањето на задолжителната резерва пресметана од обврските од октомври 2023 година.
                                                                          Гувернер
                                                         и претседавач на Советот
Бр. 02-31266/2                               на Народната банка на
19 септември 2023 година       Република Северна Македонија,
 Скопје                                            д-рАнита Ангеловска-Бежоска, с.р