Врз основа на член 76 став (6) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА
РЕГИСТРАЦИЈА НА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УВОЗ И/ИЛИ ПОВТОРЕН ИЗВОЗ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА НА УВОЗ И/ИЛИ ПОВТОРЕН ИЗВОЗ
Член 1
Во Правилникот за начинот и постапката за регистрација на физички и правни лица кои вршат увоз и/или повторен извоз и формата и содржината на евиденцијата на увоз и/или повторен извоз („Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/15 и 271/19), во членот 2 став (2) алинејата 2 се менува и гласи:
„- одобрение или извод од Регистар од Агенцијата за храна и ветеринарство, или договор за соработка со носител на таков документ за регистрација или одобрување на објектот во однос на производството, преработката и/или складирањето на производитe;.“
Член 2
По членот 2 се додава нов член 2-а кој гласи:
„Член 2-а
Барањето и документите од член 2 од овој правилник се поднесуваат во писмена или електронска
форма.“
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02 - 2630/1 Агенција за храна и ветеринарство
18 септември 2023 година в.д. Директор,
Скопје Николче Бабовски, с.р.