Врз основа на член 30 став 1 алинеја 5 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 19 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ВРШАТ ТРГОВИЈА СО
ОДДЕЛНА СТОКА
Член 1
Во Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.192/23), во членот 1 по ставот 1 се додава два нови ставови 2 и 3 кои гласат:
„По исклучок од ставот 1 на овој член, трговците од ставот 1 на овој член можат да нудат акциска продажба (акција) за намалување на гарантираната цена на производите/стоките од Одлуката за посебни услови за трговија на одделени стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.195/23).
Цените во трговијата на мало кои се намалуваат поради истекување на рокот на земјоделските и прехранбените производи не се сметаат за акциска продажба (акција).“
Член 2
Одредбите од членот 1 од оваа одлука ќе се применуваат од 22 септември 2023 година до 30 ноември 2023 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-9521/3 Прв заменик на претседателот
19 септември 2023 година на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
д-р Artan Grubi, с.р