Врз основа на член 30 став 1 алинеја 5 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, /09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА ЗАБРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ВРШАТ ТРГОВИЈА СО ОДДЕЛНА СТОКА
Член 1
Со оваа одлука се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.
Член 2
Забраната на стоките од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-9315/4 Претседател на Владата
14 септември 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-рДимитар Ковачевски, с.р