„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.188 од 07.09.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик

09.09.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ
ЗАКОНИК (*)
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 6 септември 2023 година.
 
Бр. 08-4337/1                                                Претседател на Република
6 септември 2023 година                             Северна Македонија,
Скопје                                                                  Стево Пендаровски, с.р.
                                       Претседател
на Собранието на Република Северна Македонија,
                                  м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК (*)
 
Член 1
Во Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ брoj 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15, 97/17 и 248/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 36/23), членот 98-а се менува и гласи:
„(1) Од сторителот на кривично дело извршено во состав на злосторничко здружение, со кое е извршено кривично дело за кое може да се изрече казна затвор од четири години или потешка казна или за кривични дела против човечноста и меѓународното право, кривични дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела против имотот или кривични дела против службената должност од овој законик, ќе се конфискува имотот стекнат во временски период не подолг од пет години пред сторувањето на делото за кое е осуден со правосилна судска пресуда, кога врз основа на сите околности, факти и докази, судот основано е уверен дека имотот ги надминува законските приходи на сторителот и потекнува од такво дело.
(2) Под условите од ставот (1) на овој член проширена конфискација спрема сторителот на делото се спроведува и кога постојат фактички или правни пречки за водење на кривичната постапка, во постапка уредена со закон.