Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 18, од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр. 96/19 и 236/22) и член31 став (1) точка 2 од Правилникот за лиценци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/19, 54/19, 214/19, 114/20, 246/20 и 44/21), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 31 август 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ
НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМОТ ЗА ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС
1. Одлуката за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност управување со системот за пренос на природен гас, издадена на Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, Shoqëria Aksionare për ushtrimin e veprimtarisë energjetike përçimi i gazit natyror NOMAGAS Shkup në pronësi shtetërore, Joint Stock Company for performing energy activity natural gas transmission NOMAGAS Skopje in State Ownership, БУЛЕВАР “СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ бр.54 СКОПЈЕ-ЦЕНТАР, ЦЕНТАР, Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/05, 135/06, 45/17 и 4/23), ПРЕСТАНУВА да важи.
2. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Регулаторна комисија за
енергетика и водни услуги на
УП1 бр. 11-58/17 Република Северна Македонија,
31 август 2023 година Претседател,
Скопје Марко Бислимоски, с.р.