„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.187 од 06.09.2023 г. Упатство за дополнување на Упатството за начинот на трезорско работење

07.09.2023

Врз основа на член 38 став (2) од Законот за буџетите (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/05, 4/08, 103/08, 156/09, 95/10, 180/11, 171/12, 192/15, 167/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 151/21), министерот за финансии донесе
У П А Т С Т В О
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УПАТСТВОТО ЗА НАЧИНОТ НА ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ
 
1.Во Упатството за начинот на трезорско работење (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 219/18) по делот IX, се додава нов дел IX-a со четири нови точки 87-а, 87-б, 87-в и 87-г кои гласат:
„IX-a. Извршување на налози за извршување кои ја задолжуваат Трезорската сметка, односно сметката на должникот која се наоѓа во рамките на Трезорската сметка
87-a. Извршувањето на налозите за извршување кои ја задолжуваат Трезорската сметка, односно сметката на должникот која се наоѓа во рамките на Трезорската сметка се спроведува согласно одредбите на Упатството за начинот на извршување на налозите за извршување кои ја задолжуваат Трезорската сметка или Здравствена трезорска сметка, односно сметката на должникот која се наоѓа во рамките на трезорската сметка или здравствената трезорска сметка.
87-б. Трезорот ги извршува спецификациите по налози за извршување изготвени од носителот на платен промет - Народна банка на Република Северна Македонија по основ на решенија за присилна наплата кои ја задолжуваат Трезорската сметка, односно сметката на должникот која се наоѓа во рамките на трезорската сметка.
87-в. Извршувањето на налозите кои гласат на сметките на Буџетот на Република Северна Македонија, се извршуваат од ставката 465 - Исплата по извршни исправи.
Трезорот примените налози кои гласат на сметките на основниот буџет на буџетските корисници и сметките на буџетот на фондовите ги извршува од расположливите средства на истите, освен од средствата наменети за исплата на плати и надоместоци, парична помош во случај на смрт на вработен или во случај на смрт на член на потесното семејство на вработениот и отпремнини за пензионирање.
Во случај на целосен или делумен недостиг на средства за извршување на налозите за извршување со кои се задолжуваат сметките на буџетските корисници и сметките на буџетот на фондовите, Трезорот налозите ги извршува во висина на расположливите средства на сметките на должникот, а за преостанатиот дел ги блокира плаќањата на должникот, освен плаќањата за плати и надоместоци, парична помош во случај на смрт вработен или во случај на смрт на член на потесното семејство на вработениот и отпремнини за пензионирање а за преостанатиот дел до целосно извршување на налозите за извршување ги блокира сите сметки на должникот освен сметките на буџетот на донации, сметките на буџетот на заеми, преодните сметки, наменски сметки, депозитните сметки и уплатните сметки, кои се сметки нерасположливи за извршување.
87-г. Налозите кои гласат на сметките на буџетот на општините, се извршуваат од сите расположливи средства на истите, освен од средствата наменети за исплата на плати и надоместоци, парична помош во случај на смрт на вработен или во случај на смрт на член на
потесно семејство на вработениот, отпремнини за пензионирање, средства за отплата на главнина и средства за каматни плаќања, средствата за отплата на инструменти за обезбедување на финансиски средства дадени, односно издадени од Министерство за финансии, средства за враќање на позајмици од Буџетот на Република Северна Македонија и средствата трансферирани од Буџетот на Република Северна Македонија кои се наменети за финансирање на капитални инвестиции од национален интерес на локално ниво.
Во случај на целосен или делумен недостиг на средства расположливи за извршување на налозите за извршување со кои се задолжуваат сметките на општините, Трезорот налозите ги извршува во висина на расположливите средства на должникот, освен средствата наменети за исплата на плати и надоместоци, парична помош во случај на смрт на вработен или во случај на смрт на член на потесното семејство на вработениот, отпремнини за пензионирање, средства за отплата наглавнина и средства за каматни плаќања, средствата за отплата на инструменти за обезбедување на финансиски средства дадени, односно издадени од Министерство за финансии, средства за враќање на позајмици од Буџетот на Република Северна Македонија, како и средствата трансферирани од Буџетот на Република Северна Македонија кои се наменети за финансирање на капитални инвестиции од национален интерес на локално ниво, кои се средства нерасположливи за извршување, а за преостанатиот дел до целосно извршување на налозите за извршување ги блокира сите сметки на должникот освен сметките на буџетот на донации, сметките на буџетот на приходи од дотации, сметките на буџетот на заеми, сметките за самопридонес на општините, преодните сметки, наменски сметки, депозитните сметки и уплатните сметки, кои се сметки нерасположливи за извршување.“
2. Ова упатство влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 09-7700/1
4 септември 2023 година          Министер за финансии,
Скопје                                                д-р Fatmir Besimi, с.р.