„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.186 од 05.08.2023 г. Упатство за видот и содржината на извештајот за сопствените средства на платежните институции за електронски пари

06.09.2023

Врз основа на член 48 став 1 точка 3 и член 68 став 3 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија‶ бр. 110/21) и точка 26 став 2 од Одлуката за позициите од кои се состои почетниот капитал и сопствените средства на платежната институција и институцијата за електронски пари, како и видот, содржината и начинот на доставување на извештаите за сопствените средства („Службен весник на Република Северна Македонија‶ бр. 271/22) гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија донесе
У П А Т С Т В О
ЗА ВИДОТ И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СОПСТВЕНИТЕ СРЕДСТВА НА ПЛАТЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ПАРИ
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
1. Со ова упатство се пропишуваат видот и содржината на Извештајот за сопствените средства на платежната институција и институцијата за електронски пари, коj треба да се доставува до Народната банка на Република Северна Македонија (понатамошниот текст: Народната банка) согласно со Одлуката за позициите од кои се состојат почетниот капитал и сопствените средства на платежната институција и институцијата за електронски пари, како и видот, содржината и начинот на доставување на извештаите за сопствените средства (во понатамошниот текст: Одлуката).
Изразите коишто се употребени во ова упатство го имаат истото значење како во Одлуката и Законот за платежни услуги и платни системи (во понатамошниот текст: Законот).
2. Платежната институција или институцијата за електронски пари (во понатамошниот текст: институцијата) е должна да го пополнува и да го доставува Извештајот за сопствените средства до Народната банка, кој се состои од:
- Образец за сопствените средства (образец СС);
- Образец за потребниот минимален износ на сопствени средства на институциите за електронски пари (образец ИЕП); и
- Образец за потребниот минимален износ на сопствените средства на платежните институции (образец ПИ)
Обрасците од ставот 1 на оваа точка се составен дел на ова Упатство.
II. ОБРАЗЕЦ ЗА СОПСТВЕНИТЕ СРЕДСТВА
3. Образецот СС содржи податоци за сопствените средства на институцијата коишто претставуваат збир на основниот капитал од точката 5 на ова упатство и дозволениот износ на дополнителен капитал од точката 11 на ова упатство.
4. Во редот бр. 1 „сопствени средства‶ се внесува збирот на износите од редовите бр. 2 и 4.
Основен капитал
5. Во редот бр. 2 „основен капитал‶ се внесува разликата на износите од редовите бр. 2.1 и 2.2.
6. При пополнување на позициите од основниот капитал, институцијата ги применува следниве правила:
6.1. Во редот бр. 2.1 „позиции во основен капитал‶ се внесува збирот на износите од редовите бр. 2.1.1 до 2.1.7.
6.2. Во редот бр. 2.1.1 „акции и влогови во институцијата‶ се искажува номиналната вредност на уплатените акции или влогови на институцијата коишто ги исполнуваат условите од точката 13 потточка 13.1 од Одлуката.
6.3. Во редот 2.1.2 „премија од продажбата на акциите или влоговите‶ се искажува премијата од продажбата на акциите или влоговите прикажани во редот бр. 2.1.1 од овој образец. Во случај кога премијата е негативна, таа се прикажува со негативен предзнак.
6.4. Во редот 2.1.3 „задолжителна општа резерва (општ резервен фонд)‶ се искажува износот на резервите на институцијата издвоени од оданочената добивка.
6.5. Во редот 2.1.4 „задржана нераспоредена добивка‶ се искажува износот на задржаната нераспоредена добивка којашто ги исполнува условите од точката 13 потточка 13.4 од Одлуката.
6.6. Во редот бр. 2.1.5 „(-) акумулирана загуба од претходните години‶ се искажува износот на акумулираната загуба од претходните години, со негативен предзнак.
6.7. Во редот бр. 2.1.6 „тековна добивка или добивка на крајот на годината‶ се искажува износот на тековната добивка или добивката на крајот на годината, доколку се исполнети условите од точката 14 од Одлуката.
6.8. Во редот бр. 2.1.7 „збирна сеопфатна добивка или загуба‶ се искажуваат останатите добивки и загуби коишто не се прикажани во билансот на успех на институцијата (пр. ревалоризациската резерва за средствата расположливи за продажба и други добивки и загуби коишто не се прикажани во билансот на успех на институцијата).
7. При пополнување на одбитните ставки од основниот капитал, институцијата ги применува следниве правила:
7.1. Во редот бр. 2.2 „одбитни ставки од основниот капитал‶ се искажува збирот на износите од редовите од бр. 2.2.1 до 2.2.6.
7.2. Во редот бр. 2.2.1 „загуба на крајот на годината или тековна загуба‶ се искажува загубата од работењето на институцијата на крајот на годината или загубата од тековно работење.
7.3. Во редот бр. 2.2.2 „нематеријални средства‶ се искажуваат нематеријалните средства од точката 15 потточка 15.2 од Одлуката, намалени за износот на акумулираната амортизација и загубите за оштетување.
7.4. Во редот бр. 2.2.3 „директни и индиректни вложувања во сопствени капитални инструменти од основниот капитал, вклучувајќи ги и капиталните инструменти за кои институцијата има договорна обврска да ги купи‶ се искажува износот на вложувања во сопствени капитални инструменти од основниот капитал за кои институцијата има договорна обврска да ги купи.
7.5. Во редот бр. 2.2.4 „директни и индиректни вложувања во капитални инструменти од основниот капитал на лица од финансискиот сектор, со исклучок на оние коишто се чуваат до пет дена‶ се искажува износот на вложувањата на банката од точката 15 потточка 15.4 од Одлуката.
7.6. Во редот бр. 2.2.5 „износ на одбитните ставки од ДК којшто го надминува вкупниот износ на ДК‶ се искажува износот на одбитните ставки од дополнителниот капитал, којшто го надминува вкупниот износ на дополнителен капитал.
7.7. Во редот бр. 2.2.6 „вложувања во нефинансиски институции‶ се искажува износот на вложувањата во нефинансиските институции од точката 15 потточка 15.6 од Одлуката.
Дополнителен капитал
8. Во редот бр. 3 „дополнителен капитал‶ се внесува разликата на износите од редовите бр. 3.1 и 3.2.
9. При пополнување на позициите од дополнителниот капитал, институцијата ги применува следиве правила:
9.1. Во редот бр. 3.1 „позиции во ДК‶ се искажува збирот на износите од редовите бр. 3.1.1, 3.1.2 и 3.1.3.
9.2. Во редот бр. 3.1.1 „капитални инструменти од ДК‶ се искажува номиналната вредност на уплатените капитални инструменти на институцијата коишто ги исполнуваат условите од точката 18 од Одлуката.
9.3. Во редот бр. 3.1.2 „субординирани кредити‶ се искажува вредноста на субординираните кредити на институцијата коишто ги исполнуваат условите од точката 19 од Одлуката.
9.4. Во редот бр. 3.1.3 „премија од капиталните инструменти од ДК‶ се искажува премијата од продажбата на капиталните инструменти на институцијата прикажани во редот 3.1.1. Во случај кога премијата е негативна, таа се прикажува со негативен предзнак.
10. При пополнување на одбитните ставки од дополнителниот капитал, институцијата ги применува следиве правила:
10.1. Во редот бр. 3.2 „одбитни ставки од ДК‶ се искажува збирот на износите на редовите бр. 3.2.1 и 3.2.2.
10.2. Во редот бр. 3.2.1 „директни и индиректни вложувања во сопствени инструменти од ДК, вклучувајќи ги инструментите за кои институцијата има договорна обврска да ги купи‶ се искажува износот на вложувања во сопствени капитални инструменти од дополнителниот капитал за кои институцијата има договорна обврска да ги купи.
10.3. Во редот бр. 3.2.2 „директни и индиректни вложувања во позиции од ДК на лица од финансискиот сектор, со исклучок на оние што се чуваат до пет дена‶ се искажува износот на вложувањата на институцијата од точката 21 потточка 21.2 од Одлуката.
11. Во редот бр. 4 „дозволен износ на дополнителен капитал“ се искажува износот на дополнителниот капитал на институцијата којшто се вклучува во составот на сопствените средства согласно со точка 7 од Одлуката, односно се внесува помалиот износ од:
- износот од редот бр. 3; и
- една третина од основниот капитал од редот бр. 2.
III. ОБРАЗЕЦ ЗА ПОТРЕБНИОТ МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА СОПСТВЕНИТЕ СРЕДСТВА НА ИНСТИТУЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ПАРИ
12. Образецот ИЕП содржи податоци за минималниот износ на сопствени средства на институцијата за електронски пари, а се пополнува со примена на следниве правила:
12.1. Во редот бр. 1 „просечен износ на издадените неискористени електронски пари“ се внесува просечниот износ на издадените неискористени електронски пари на институцијата утврден согласно со членот 2 точка 112 од Законот.
12.2. Во редот бр. 2 „минимален износ на сопствените средства потребен за издавање на електронските пари“ се внесува минималниот износ на сопствени средства којшто ѝ е потребен на институцијата за извршување на деловната активност издавање електронски пари, утврден согласно со членот 30 став 2 од Законот.
12.3. Во редот бр. 3 „минимален износ на сопствените средства потребен за давање на платежните услуги коишто не се повразни со издавањето електронски пари“ се внесува минималниот износ на сопствени средства којшто ѝ е потребен на институцијата за извршување платежни услуги коишто не се поврзани со издавање електронски пари утврден согласно со членот 30 ставови 3 и 4 од Законот.
12.4. Во редот бр. 4 „вкупен минимален износ на сопствените средства на институцијата за електронски пари“ се внесува збирот на износите од редовите бр. 2 и 3.
12.5. Во редот бр. 5 „почетен капитал“ се внесува износот на почетниот капитал на институцијата утврден согласно со членот 28 од Законот.
12.6. Во редот бр. 6 „вкупен минимален износ на сопствените средства“ се внесува поголемиот износот од редот бр. 4 или од редот бр. 5.
12.7. Во редот бр. 7 „вкупен износ на сопствените средства“ се внесува вкупниот износ на сопствените средства на институцијата утврден согласно со точка 4 на ова упатство.
12.8. Во редот бр. 8 „(+) вишок/ (-) недостаток на сопствени средства“ се внесува разликата од редот бр. 7 и редот бр. 6.
IV. ОБРАЗЕЦ ЗА ПОТРЕБНИОТ МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА СОПСТВЕНИТЕ СРЕДСТВА НА ПЛАТЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
13. Образецот ПИ содржи податоци за потребниот минимален износ на сопствените средства на платежните институции, a се пополнува со примена на следниве правила:
13.1. Во редот бр. 1 „вкупен износ на платежните трансакции во претходните 12 месеци“ се внесува вкупниот износ на платежните трансакции коишто биле извршени во претходните 12 месеци согласно со Законот.
13.2. Во редот бр. 2 „обем на плаќањата“ се внесува износот на обемот на плаќањата којшто претставува една дванаесеттина од износот во редот бр.1.
13.3. Во редот бр. 3 „вкупен обем на плаќањата“ се внесува збирот на износите од редовите бр. 3.1 до 3.5.
13.4. Во редот бр. 3.1 „4% од делот на обемот на плаќањата до 310.000.000 денари“ се внесува 4% од делот на обемот на плаќања коишто не го надминуваат износот од 310.000.000 денари.
13.5. Во редот бр. 3.2 „2,5% од делот на обемот на плаќањата над 310.000.000 денари до 620.000.000 денари“ се внесува 2,5% од делот на обемот на плаќањата чијшто износ е повисок од 310.000.000 денари, а не го надминува износот од 620.000.000 денари.
13.6. Во редот бр. 3.3 „1% од делот на обемот на плаќањата над 620.000.000 до 6.200.000.000 денари“ се внесува 1% од делот на обемот на плаќањата чијшто износ е повисок од 620.000.000 денари, а не го надминува износот од 6.200.000.000 денари.
13.7. Во редот бр. 3.4 „0,5% од делот на обемот на плаќањата над 6.200.000.000 до 15.400.000.000 денари“ се внесува 0,5% од делот на обемот на плаќањата чијшто износ е повисок од 6.200.000.000 денари, а не го надминува износот од 15.400.000.000 денари.
13.8. Во редот бр. 3.5 „0,25% од делот на обемот на плаќањата над 15.400.000.000 денари“ се внесува 0,25% од делот на обемот на плаќањата коишто го надминуваат износот од 15.400.000.000 денари.
13.9. Во редот бр. 4 „износ на коефициентот „к“ се внесува износот на коефициентот „к“ утврден согласно со членот 29 точка 6 од Законот, односно се внесува:
- 0,5 доколку платежната институција дава само платежни услуги од членот 8 став (1) точка 6 од Законот; или
- 1, доколку платежната институција дава која било од платежните услуги од членот 8 став (1) точки 1, 2, 3, 4 и/или 5 од Законот.
13.10. Во редот бр. 5 „минимален износ на сопствените средства потребен за давање на платежните услуги“ се внесува миниминалиот износ на сопствените средства којшто ѝ е потребен на институцијата за давање платежни услуги, којшто претставува производ на износите од редовите бр. 3 и 4.
13.11. Во редот бр. 6 „почетен капитал“ се внесува износот на почетниот капитал на институцијата утврден согласно со членот 28 од Законот.
13.12. Во редот бр. 7 „вкупен минимален износ на сопствените средства“ се внесува поголемиот износ од редот бр. 5 или редот бр. 6.
13.13. Во редот бр. 8 „вкупен износ на сопствените средства“ се внесува вкупниот износ на сопствените средства на институцијата утврден согласно со точка 4 на ова упатство.
13.14. Во редот бр. 9 „(+) вишок / (-) недостаток на сопствени средства“ се внесува разликата од редот бр. 8 и редот бр. 7.
V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
14. Ова упатство стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија‶.
 
У. бр. 02-29266/1
25 август 2023 година                                   Гувернер,
 Скопје                                   д-р Анита Ангеловска-Бежоска, с.р