Врз основа на член 15 став (3) од Законот за задолжителни нафтени резерви (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/14, 178/14, 199/15, 197/17 и 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 150/21 и 236/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 август 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ЧУВАЊЕ И ЕВАПОРАЦИЈА НА НАФТА
И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ РЕЗЕРВИ
Член 1
Со оваа уредба се утврдува висината на надоместокот за чување и евапорација на нафта и нафтени деривати на задолжителните резерви.
Член 2
За чување и евапорација на нафта и нафтени деривати на задолжителните резерви се утврдува надоместок во висина од 153,75 денари, на месечно ниво, за секој метар кубен резервоарски капацитет пополнет со сурова нафта и со нафтени деривати од задолжителните резерви.
Член 3
Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за утврдување на висината на надоместокот за складирање и чување на задолжителните резерви („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 135/21).
Член 4
Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3085/8 Претседател на Владата
29 август 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р