„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.182 од 29.08.2023 г. Решение за изменување на решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во РСМ кои потекнуваат и се испраќаат од Република Косово и транзитираат низ Република Косово

30.08.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА
НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО
ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА
ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ И СЕ ИСПРАЌААТ ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО И ТРАНЗИТИРААТ НИЗ РЕПУБЛИКА КОСОВО
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат и се испраќаат од Република Косово и транзитираат низ Република Косово („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/23), Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-1338/3                                          Агенција за храна и
21 август 2023 година                               ветеринарство
Скопје
                                                                           в.д. Директор,
                                                                    Николче Бабовски, с.р.
Прилог
 
Региони во Република Косово:
- Гнилане/Gnjilane и
- Призрен/Prizren.