„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.182 од 29.08.2023 г. Решение за изменување на решението за забрана на увоз и транзит на живи животни производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Африканска чума во РСМ кои потекнуваат и се испраќаат од Босна и Херцеговина

30.08.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ,
ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД
ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ И СЕ ИСПРАЌААТ ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И
ТРАНЗИТИРААТ НИЗ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат и се испраќаат од Босна и Херцеговина и транзитираат низ Босна и Херцеговина („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 139/23 и 155/23), Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 02 - 1901/3                                 Агенција за храна и ветеринарство
21 август 2023 година                              в.д. Директор,
Скопје                                Николче Бабовски, с.р.                                                                       
 
Прилог
Региони во Босна и Херцеговина:
- Бјелина/Bjelina,
- Брчко/Brchko,
- Добој/Doboj,
- Фоча/Focha,
- Бања Лука/Banja Luka и
- Посавина/Posavina.