Врз основа на член 32 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.282/22), член 7 ставови (3) и (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21 и 123/22), член 79 став 2 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 27/20 и 56/21), член 12 од Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/10, 53/11, 6/12, 23/13, 106/13, 188/13, 149/15, 39/16, 172/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.235/19) и член 59 од Законот за зоотехника (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 1 август 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2023 ГОДИНА
I
Средствата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година во вкупен износ од 6.437.634.000,00 денари, обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.282/22) Раздел 140.04, Програма 2, Потпрограма 20, Ставка 464-разни трансфери ќе се користат според следните мерки: