Цели на предлог регулативата:
Основната цел поради која се предлага изменување и дополнување на Законот за оружјето е да се изврши усогласување со европската регулатива од предметната област.
Со предложените изменувања на Законот за оружјето се врши усогласување со:
- Директивата (ЕУ) 2021/555 на Европскиот парламент и на Советот од 24 март 2021 година за контрола на набавувањето и поседувањето оружје (кодифициран текст);
- Директива за спроведување (ЕУ) бр.2019/68 на Комисијата од 16 јануари 2019 година за утврдување технички спецификации за обележување на огнено оружје и неговите составни делови во рамките на Директивата 91/477/ЕЕЗ на Советот за контрола на набавување и поседување оружје;
- Директива за спроведување (ЕУ) бр.2019/69 на Комисијата од 16 јануари 2019 година за утврдување технички спецификации на оружје за предупредување и сигнализација во согласност со Директивата 91/477/ЕЕЗ на Советот за контрола на набавување и поседување оружје и
- Регулатива (ЕУ) бр.258/2012 на Европскиот парламент и на Советот од 14 март 2012 година за спроведување на член 10 од Протоколот на Обединетите нации против незаконско производство и трговија со огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција, со кој се надополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал („Протокол на ОН за огнено оружје“) и за утврдување на дозвола за извоз и мерки за увоз и транзит на огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција.
Воедно, со предложените изменувања и дополнувања на Законот за оружјето се врши ревидирање на законот од аспект потребите утврдени од стручните служби во Министерството за внатрешни работи произлезени од практичната имплементација на Законот за оружјето, а воедно и барањата од страна на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, Стопанската комора на Македонија - Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, Ловечка федерација на Македонија и Македонска спортска стрелачка федерација.