„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за формата и содржината на пријавата за производство на афион, книгата за евиденција, договорот за производство како и поблиските критериуми за производство на афион и откуп на афион за производство на опојни дроги и психотропни супстанци

28.07.2023

Врз основа на член 29 став 5 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/08, 124/10, 164/13, 149/15, 37/16, 53/16 и 193/17), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за здравство донесе
П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПРИЈАВАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА АФИОН, КНИГАТА ЗА ЕВИДЕНЦИЈА, ДОГОВОРОТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО, КАКО И ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА АФИОН И ОТКУП НА АФИОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ОПОЈНИ ДРОГИ И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржина-та на пријавата за производство на афион, книгата за евиденција, договорот за производство, како и поблиските критериуми за производство на афион и откуп на афион за производство на опојни дроги и психотропни супстанции.
Член 2
(1) Пријавата за производство на афион е во А4 формат на хартија во бела боја. (2) Формата и содржината на пријавата од став 1 на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
(1) Книгата за евиденција на произведената и откупената количина афионова слама се состои од три листа во А4 формат и тоа: Прв лист - насловна страна, Втор лист - евиденција бр.1 и Tрет лист-евиденција бр.2. (2) Формата и содржината на книгата за евиденција од став 1 на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.
Член 4
(1) Договорот за производство и откуп на афион се отпечатува во А4 формат на лајмована индигирана хартија и е сместен во кочан од 100 листа.
(2) Договорот од став (1) на овој член е во четири идентични примероци и тоа: за овластеното правно лице откупувач е во сина боја, за Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во црна боја, за одгледувачот е во зелена боја и за регистрираното правно лице-производител на опојни дроги и психотропни супстанции е во црвена боја. (3) Формата и содржината на договорот од став 1 на овој член се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник.
Член 5
Одгледувачот на афион по претходно склучен договор со овластено правно лице-откупувач, пријавата за производство на афион согласно член 29 став 2 од Законот за опојни дроги и психотропни супстанции, ја доставува до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок најдоцна 15 дена по сеидбата, заради издавање на одобрение за производство на афион. (2) Поблиските критериуми за производство на афион се исполнуваат со доставување на следните документи кои одгледувачот треба да ги достави во прилог на пријавата од член 2 од овој правилник, во фотокопија и тоа: - за физичко лице: лична карта; договор за производ- ство на афион или договор со овластен посредник за откуп на афион; имотен лист на име на производителот на афион или имотен лист на име на негов родител или нотарски солемизиран договор за закуп ако афионот не го произведува на сопствено земјиште или земјиште во сопственост на родител или договор за закуп склучен со Министерството за земјоделство, шумарство и водосто-панство и записник од Државниот инспектор за земјоделство за извршената контрола на сеидбата. - за правно лице/научно-образовна институција: тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица од Централниот регистар на Република Северна Македонија, договорот за производство на афион или договор со овластен посредник за откуп на афион, имотен лист како доказ за сопственост или за користење, договор за закуп склучен со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или договор за закуп нотарски солеминизиран и записник од Државниот инспектор за земјоделство за извршената контрола на сеидбата. (3) Правното лице (откупувач) кое врши откуп на афион за производство на опојни дроги и психотропни супстанции, за да се регистрира за откуп и производство на опојни дроги и психотропни супстанции треба од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да има одобрение согласно член 29 став (4) од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. (4) Правното лице (откупувач) од став (3) на овој член, за да добие одобрение за откуп на афион за производство на опојни дроги треба да ги исполнува следните поблиски критериуми: - да е регистриран за вршење на дејност откуп на афион и производство на опојни дроги и психотропни супстанции во Цетралниот регистар на Република Северна Македонија; - да има вработено најмалку едно лице со високо образование со соодветна насока од областа на технологијата за производство и доработка на афион, со најмалку три години работно искуство во производството, откупот и доработката на афион; - да располага со или да поседува земјоделско земјиште;
- да располага со или да поседува простории за от- куп, сместување, чување и индустриска обработка на афионот, како и соодветен простор за складирање на откупената афионова слама покриен со природна вентилација со најмалку 250 м² корисна површина; - да располага со соодветна опрема за екстракција и механизација за производство и доработка на семенскиот материјал од афион и тоа: редосеалка за ситносемени култури, машина за кршење на афионови шишарки и одвојување на семето од шишарките, машина за веење и машина за обеззаразување на афионовото семе, копија од решение за упис во регистарот на производители на семенски материјал од афион и копија од пописна листа; - да достави позитивно мислење за бонитет, завере- на копија од Централниот регистар на Република Северна Македонија; - да ги има исплатено сите обврски за откупените коли- чини афионова слама и семе кои произлегуваат од склучените договори за производство и откуп на афион од претходната производна година, со приложување на изјава за исплатени обврски заверена и потпишана од директорот на фирмата или од одговорното во правното лице и - да достави записник од Државниот инспекторат за земјоделство за извршен увид за исполнувањето на поблиските критериуми од алинеите 1, 2, 3 ,4, 5, 6 и 7 од овој став. (6) Откупувачот од став (5) на овој член секоја производна година ги докажува критериумите од алинеите 6 и 7 од став (5) на овој член. (7) Секоја производна година во Регистарот на от- купувачи на афион се внесуваат правните лица кои ги исполнуваат критериумите од ставот (5) на овој член.
Член 6
Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на пријавата за производство на афион, книгата за евиденција, договорот за производство и поблиските критериуми за производство на афион и откуп на афион за производство на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/10, 24/14 и 14/15).
Член 7
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 17-6493/1                                                                  Бр. 29-1851/5
20 јули 2023 година                                                  17 јули 2023 година
Скопје                                                                                      Скопје
Министер за здравство                  Министер за земјоделство,
                                                              шумарство и водостопанство
     д-р Fatmir Medziti,c.р.                       Љупчо Николовски, с.р.