Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 25 јули 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ПРЕСТАНОК НА ВАЖЕЊЕ НА ОДЛУКАТА
ЗА СПОЈУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈАТА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНА СУРОВИНА –
РУДИ НА БАКАР И ЗЛАТО НА ЛОКАЛИТЕТОТ „С. ИЛОВИЦА“, ОПШТИНА БОСИЛОВО СО
КОНЦЕСИЈАТА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНА СУРОВИНА – БАКАР И ЗЛАТО НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ИЛОВИЦА“, ОПШТИНА БОСИЛОВО И ОПШТИНА НОВО СЕЛО НА ДРУШТВОТО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ПРОМЕТ И УСЛУГИ ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО СКОПЈЕ
1. Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „с. Иловица“, Општина Босилово со концесијата за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје бр. 41-6339/3 од 27 јуни 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.141/23).
2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-7640/3 Претседател на Владата
25јули 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-рДимитар Ковачевски, с.р