Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19) и член 8 став (6) од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија“ бр.14/07, 103/08, 130/08, 139/09, 156/10, 127/12, 41/14, 160/14, 72/15, 129/15, 173/15, 192/15, 217/15, 30/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.13/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 18 јули 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ ВО ТЕХНОЛОШКО-ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА СКОПЈЕ 1 И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА
Член 1
Во Одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Tехнолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/23), членот 2 се менува и гласи:
„Градежното земјиште кое се дава во долготраен закуп претставува дел од градежна парцела 19.1. која е формирана од КП бр.602/34, КО Бунарџик, со површина од 14.041 м2, КП бр.602/35, КО Бунарџик, со површина од 173 м2 и КП бр.602/36, КО Бунарџик со површина од 47.512 м2 според Имотниот лист бр.1 за КО Бунарџик, со вкупна површина од 18.902 м2, согласно Геодетскиот елаборат за геодетски работи за посебни намени за нумерички податоци бр.0801-302/3-23 од 11.5.2023 година, во сопственост на Република Северна Македонија, што претставува градежно земјиште согласно Извод од Деталниот урбанистички план бр.21-4733/2 од 11.8.2022 година и Извод од Деталниот урбанистички план бр.21-4733/1 од 11.8.2022 година издадени од Министерството за транспорт и врски врз основа на Урбанистички проект за Tехнолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 со Тех. бр.109/22 од март 2023 година одобрен со Потврда бр. 67-1384/6 од 4.4.2023 година („градежно земјиште“).“
Член 2
Во член 4 во ставот 1 износот „1.421,4“ се заменува со износот „1.890,2“.
По ставот 2 се додава нов став 3 кој гласи:
„Во рок од 60 дена од денот на склучувањето на Анекс бр.1 кон Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште, закупецот на земјиштето доставува доказ за реализирана уплата на закупнината на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 1.406,4 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата, како закупнина за три години, за што закупецот на земјиштето е претходно известен од страна на закуподавачот.“ Ставот 3 станува став 4.
Во ставот 4 кој станува став 5 износот „59.840,94“ се заменува со износот „79.577,42“. Ставот 5 станува став 6.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-6050/6 Претседател на Владата
18 јули 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р.