„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за ратификација на спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан

24.07.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА СПОГОДБАТА ЗА СОРАБОТКА ВО
ОБЛАСТА НА ВЕТЕРИНАРСТВОТО, БЕЗБЕДНОСТА НА ХРАНА И НА ДОБИТОЧНА ХРАНА И
ФИТОСАНИТАРНА ОБЛАСТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН
 
Се прогласува Законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 18 јули 2023 година.
 
Бр. 08-3775/1                             Претседател на Република
18 јули 2023 година                     Северна Македонија,
Скопје                                             Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н
ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА СПОГОДБАТА ЗА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ВЕТЕРИНАРСТВОТО,
БЕЗБЕДНОСТА НА ХРАНА И НА ДОБИТОЧНА ХРАНА И ФИТОСАНИТАРНА ОБЛАСТ ВО ЗАПАДЕН
БАЛКАН
 
Член 1
Се ратификува Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан, склучена во Тирана на 21 декември 2021 година.
Член 2
Текстот на Спогодбата од членот 1 од овој закон во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик, гласи: