Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директор
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ И СЕ ИСПРАЌААТ ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ТРАНЗИТИРААТ НИЗ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Член 1
Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат и се испраќаат од Босна и Херцеговина и транзитираат низ Босна и Херцеговина („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 139/23), Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 02 – 1901/2 Агенција за храна и ветеринарство
18 јули 2023 година Директор,
Скопје в.д. Николче Бабовски с.р.
Прилог:
Региони во Босна и Херцеговина:
- Бјелина/Bjelina,
- Брчко/Brchko и
- Добој/Doboj.