Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И
АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ(*)
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 18 јули 2023 година.
Бр. 08-3791/1 Претседател на Република
18 јули 2023 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ
УСЛУГИ
Член 1
Во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 42/20 и 77/21), членот 1 се менува и гласи:
„Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорностите во областа на аудио и аудио-визуелните медиумски услуги, вклучувајќи ги радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање; давателите на услуги платформи за споделување видеа и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи кои ги емитуваат или реемитуваат програмските сервиси на радиодифузерите.“.
_________________________________________________________________________________
* Со овој закон се врши усогласување со Директивата (ЕУ) 2018/2018 на Европскиот парламент и на Советот од 14 ноември 2018 година за изменување на Директивата 2010/13/ЕУ за координација на одредени одредби утврдени со закон, регулативи или управни акти во земјите членки за обезбедување аудиовизуелни медиумски услуги.(CELEX број 32018L1808).