„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.154 од 20.07.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва

21.07.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА(*)
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва(*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 18 јули 2023 година.
 Бр. 08-3790/1                               Претседател на Република
18 јули 2023 година                         Северна Македонија,
Скопје                                              Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н ЗА
ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА (*)
 
Член 1
Во Законот за финансиските друштва („Службен весник на Република Македонија” број 158/10, 53/11, 112/14, 153/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 173/22), во член 2 во ставот (2) по зборот „друштва” се додаваат зборовите: „и законот кој ја регулира стечајната постапка”.
По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
„(4) На договорите за потрошувачки кредит се применуваат одредбите од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, доколку со овој закон поинаку не е уредено.”.