Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ИЗВРШУВАЊЕ
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 18 јули 2023 година.
Бр. 08-3783/1 Претседател на Република
18 јули 2023 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ
Член 1
Во Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ број 72/16, 142/16 и 233/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 14/20), во членот 18 став (1) точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „односно до моментот кога неисплатената камата ќе го достигне износот од главниот долг.“.
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.