Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18 јули 2023 година даде
АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 15 СТАВОВИ (1), (2) И СТАВ (4) АЛИНЕИ 1, З И 5, ЧЛЕН 19 СТАВ (2), ЧЛЕН 38 СТАВ (4), ЧЛЕН 41 СТАВОВИ (1) И (2), ЧЛЕН 46 СТАВОВИ (З), (4), (5) И (6), ЧЛЕН 66 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 1, ЧЛЕН 67 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 1, ЧЛЕН 68 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 1, ЧЛЕН 69 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 1, ЧЛЕН 70 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 2, ЧЛЕН 71 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 2, ЧЛЕН 72 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 1, ЧЛЕН 73 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 1, ЧЛЕН 79 СТАВ (2) АЛИНЕИ 1 И 5, ЧЛЕН 80 СТАВ (З), ЧЛЕН 83 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 1, ЧЛЕН 88 СТАВ (1) АЛИНЕЈА 1, ЧЛЕН 90 СТАВ (1) АЛИНЕJA 2, ЧЛЕН 91 СТАВ (4) АЛИНЕЈА 2, ЧЛЕН 94 СТАВ (2) И ЧЛЕН 134 СТАВ (1), ОД ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 30/16, 31/16, 142/16, 190/16 И „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 275/19 И 101/21)
Одредбите на членовите 15 став (1), (2) и став (4) алинеи 1, З и 5, член 19 став (2), член 38 став (4), член 41 ставови (1) и (2), член 46 ставови (З), (4), (5) и (6), член 66 став (1) алинеја 1, член 67 став (1) алинеја 1, член 68 став (1) алинеја 1, член 69 став (1) алинеја 1, член 70 став (1) алинеја 2, член 71 став (1) алинеја 2, член 72 став (1) алинеја 1, член 73 став (1) алинеја 1, член 79 став (2) алинеи 1 и 5, член 80 став (З), член 83 став (1) алинеја 1, член 88 став (1) алинеја 1, член 90 став (1) алинеja 2, член 91 став (4) алинеја 2, член 94 став (2) и член 134 став (1), од Законот за градежно земјиште треба да се толкуваат така што урбанистичките проекти предвидени согласно со материјалните одредби од член 58 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија" брoj 32/20 и 111/23), може да се третираат како урбанистичко планска документација и истите да се применуваат врз основа на материјалните одредби од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија" број 15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 30/16, 31/16, 142/16 и 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија" број 275/19 и 101/21).
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Бр. 08-3802/1 Претседател на Собранието
18 јули 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје м-р Talat Xhaferi, с.р