„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за данокот на солидарност, по скратена постапка

18.07.2023

Цели, начела и основни решенија на Законот:

Целта на Предлог на законот за данок за солидарност е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза. Воведувањето на данокот за солидарност е од општ интерес за сите граѓани, и се базира на начелата на правичност, еднаквост и пропорционалност. Предлог на законот предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка. Обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Даночната основа за пресметување на данокот за солидарност претставува позитивната разлика помеѓу износот на даночната основа по намалување утврден во даночниот биланс за оданочување на добивката на АОП 49 за 2022 година или просечниот износ на даночната основа по намалување за 2021 и 2022 година и просечниот износ на даночна основа по намалување утврден во даночните биланси за оданочување на добивка за претходните периоди зголемен за 20%. Во случај на статусни промени се предвидува повисок процент на зголемување на просечниот износ на даночната основа за претходните даночни периоди, односно 30 %.
Наведените обврзници, на претходно спомената основа ќе имаа обврска да платат данок за солидарност во 2023 година по стапка од 30 %. Имено, истите ќе бидат должни да ја утврдат даночната основа на образецот „ДБ-ДС - Даночен биланс за оданочување со данок за солидарност“ и да го платат данокот за солидарност во рок од 30 дена од истекот на рокот на неговото поднесување.