„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка, по скратена постапка

18.07.2023

Со предметниот закон се врши усогласување со Директивата 2016/1164 на Советот на Европската Унија од 12 јули 2016 година за утврдување правила против практиките за избегнување данок кои директно влијаат врз функционирањето на внатрешниот пазар. Предметната Директива, Советот на Европската Унија ја донесе заради потребата од плаќање на даночните обврски во јурисдикцијата каде што се генерираат профитот и вредноста, како и заради зголемување на довербата во даночните системи и овозможување на владите ефикасно остварување на даночниот суверенитет. Една од основните цели на Директивата е и воспоставување на правила против ерозијата на даночните основи во внатрешниот пазар и поместувањето на профитот надвор од внатрешниот пазар. Заради остварување на оваа цел, потребни се помеѓу другите и уредување на правила против злоупотреба на даночните поволности. Во оваа насока, со предметниот закон се врши пропишување на генерално правило против злоупотреба на аранжман или низа на аранжмани, чија главна цел или една од целите е користење на даночните поволности уредени со Законот за данокот на добивка.
 
Предлог законот ги содржи следниве решенија:
- утврдување на третман на непризнат расход на целиот износ на трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот на вработените,
- укинување на правото на намалување на пресметаниот данок за износот на донираните средства на спортски субјекти,
- укинување на обврската за задолжително поднесување на извештаите за трансферни цени, односно пропишување на обврска за доставување на истите само по барање на Управата за јавни приходи,
- пропишување на генерално правило против злоупотреба на аранжман или низа на аранжмани, чија главна цел или една од целите е користење на даночните поволности уредени со Законот за данокот на добивка и
- усогласување на текстот на законот со уставното име на државата.