МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
О Б Ј А В А
Министерството за надворешни работи, информира дека Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, доктори по дентална медицина и архитектите во контекст на Централно-европскиот Договор за слободна трговија, потпишан во рамки на Берлинскиот Процес во Берлин на 3 ноември 2022 година, ратификуван со закон од Собранието на Република Северна Македонија, објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 87/2023 од 25 април 2023 година, во согласност со став 2 од член 21 од Договорот, за Република Северна Македонија, влегува во сила на 1 јуни 2023 година.
Бр. 46-15749/23-9
19 јуни 2023 година Министер
Скопје Бујар Османи, с.р