О Б Ј А В А
Министерството за надворешни работи, информира дека Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, потпишан во рамки на Берлинскиот Процес во Берлин на 3 ноември 2022 година, ратификуван со закон од Собранието на Република Северна Македонија, објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 87/2023 од 25 април 2023 година, во согласност со став 2 од член 13 од Договорот за Република Северна Македонија влегува во сила на 1 јуни 2023 година.
Бр. 46-15751/23-10
19 јуни 2023 година Министер
Скопје Бујар Османи, с.р