„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.146 од 11.07.2023 г. Објава на МНР за Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

12.07.2023

О Б Ј А В А
 
Министерството за надворешни работи, информира дека Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, потпишан во рамки на Берлинскиот Процес во Берлин на 3 ноември 2022 година, ратификуван со закон од Собранието на Република Северна Македонија, објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 87/2023 од 25 април 2023 година, во согласност со став 2 од член 14 од Договорот, за Република Северна Македонија влегува во сила на 1 јуни 2023 година.
Бр. 46-15754/23-9
19 јуни 2023 година                                                     Министер
Скопје                                                                      Бујар Османи, с.р.