Врз основа на член 47 став 1 точка 6 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21), членови 65-г став 3 и 65-д став 1 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15, 153/15, 190/16, 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 122/21), член 16 став 1 точка 6 и член 17 став 1 точка 1 од Законот за финансиска стабилност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 173/22) и точки 11 и 14 од Одлуката за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложености во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/21 и 149/21), Советот на Народната банка на Република Северна Македонија, донесе
О Д Л У К А
ЗА ВИСИНАТА НА СТАПКАТА НА ПРОТИВ ЦИКЛИЧНИОТ ЗАШТИТЕН СЛОЈ НА КАПИТАЛОТ ЗА ИЗЛОЖЕНОСТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗА ИЗЛОЖЕНОСТИ
КОН ДРУГИ ЗЕМЈИ ВО ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД 2024 ГОДИНА
1. Се утврдува стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите во Република Северна Македонија во висина од 1%.
2. Се утврдува стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите кон други земји во висина на стапките што се утврдени од страна на надлежните органи на другите земји и коишто се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
3. Банките се должни да ја применат оваа одлука и да ги вклучат стапките од точките 1 и 2 од оваа одлука во пресметките за утврдувањето на специфичната стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за третото тримесечје од 2024 година.
4. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Гувернер
и претседавач на Советот
Бр. 02-23366/2 на Народната банка на
30 јуни 2023 година Република Северна Македонија,
Скопје д-р Анита Ангеловска-Бежоска, с.р