„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.07.2023
Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност. Со цел сигурно и безбедно управување со радиоактивен отпад и искористени затворени радиоактивни извори, се наметна потреба од доуредување на одредбите од Законот и предвидување на оператор на склад за радиоактивен отпад. Со назначувањето на Институтот за јавно здравје како оператор на склад за радиоактивен отпад ќе се придонесе во соодветно уредување на соодветната област. За таа цел се предлага донесување на Предлог Закон.