Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 10 и член 197 став (3) и (4) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ .96/19, 236/22), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија на седницата одржана на ден 26 јуни 2023 година донесе
П Р А В И Л А
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОК НА ШТЕТА ПРИЧИНЕТА НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Со Правилата за определување на надоместок на штета причинета на производителите и потрошувачите на електрична енергија се уредуваат начинот, условите и постапката за определување на надоместок на штета што им е причинета на производителите и потрошувачите приклучени на електропреносниот и електродистрибутивниот систем, од страна на операторот на соодветниот систем (во понатамошниот текст: Правила).
(2) Операторот на електропреносниот систем и oператорот на електродистрибутивниот систем (во понатамошниот текст: оператор) на производителот и на потрошувачот на електрична енергија приклучени на соодветниот систем, му ја надоместуваат штетата настаната поради намалена испорака како намален квалитет на испорачаната електрична енергија утврден во мрежните правила или прекин во испораката на електрична енергија настанати по вина на операторот под услови и на начин утврдени во овие Правила.
(3) Производителите и потрошувачите ја пријавуваат штетата поради намалената испорака или прекин на електрична енергија кај операторот по осознавањетодека претрпеле штета настаната поради намалена испорака или прекин во испораката на електрична енергија и доставуваат барање за надомест на штета (во понатамошниот текст: Барање).
(4) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (во понатамошниот текст: Регулаторната комисија за енергетика) ја следи примената на овие Правила.