„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.139 од 30.06.2023 г. Одлука за одобрување на регулиран максимален приход, регулирана просечна тарифа и тарифи за пресметковни елементи за вршење на регулираната енергетска дејност дистрибуција на електрична енергија на АД ЕСМ Скопје, подружница енергетика

04.07.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 17 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22) и членот 17 став (1) од Правилникот за начинот и условите за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на електрична енергија, организирање и управување со пазарот на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 95/19, 103/19, 161/20 и 143/21), а во согласност со Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија за потрошувачите приклучени на дистрибутивниот систем во сопственост на АД ЕЛЕМ - Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/12 и 113/14), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 јуни 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД, РЕГУЛИРАНА ПРОСЕЧНА ТАРИФА И ТАРИФИ ЗА ПРЕСМЕТКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕГУЛИРАНАТА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА АД ЕСМ СКОПЈЕ, ПОДРУЖНИЦА ЕНЕРГЕТИКА
 
1. Регулираниот максимален приход (MAR) за вршење на регулираната енергетска дејност дистрибуција на електрична енергија за 2023 година се одобрува да изнесува 57.701.620 денари.
2. Регулираната просечна тарифа за дистрибуција на електрична енергија за периодот од точка 1 на оваа одлука, се утврдува да изнесува 0,2184 ден/kWh за планирана испорака на 264.157.024 kWh електрична енергија за потрошувачите приклучени на дистрибутивниот систем.
3. Во согласност со регулираниот максимален приход (MAR) утврден со точка 1 од оваа одлука, и регулираната просечна тарифа за пренос на електрична енергија во износ од 0,2582 ден/kWh, утврдена со Одлука за одобрување на регулиран максимален приход, регулирана просечна тарифа и тарифи за пресметковни елементи за вршење на регулираната енергетска дејност пренос на електрична енергија на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, АД МЕПСО - Скопје, тарифите за пресметковните елементи за категориите на потрошувачи, врз основа на кои АД ЕСМ Скопје, подружница Енергетика, како вршител на енергетската дејност дистрибуција на електрична енергија, им го фактурира надоместокот за користење на дистрибутивниот систем, изнесуваат: