„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.139 од 30.06.2023 г. Уредба за изменување на Уредбата за воспоставување, организацијата, членството и работата на Националната рурална мрежа на РСМ

04.07.2023

Врз основа на член 26-а став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 27 јуни 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕТО, ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ЧЛЕНСТВОТО
И РАБОТАТА НА НАЦИОНАЛНАТА РУРАЛНА МРЕЖА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
 
Член 1
Во Уредбата за воспоставувањето, организацијата, членството и работата на Националната рурална мрежа на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 261/21, 206/22 и 25/23), во член 13 во ставот (1) зборовите „1 февруари до 31 март“ се заменуваат со зборовите „1 јули до 31 август“.
Член 2
Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4700/8                                            Претседател на Владата
27 јуни 2023 година                      на Република Северна Македонија,
Скопје                                                    д-р Димитар Ковачевски, с.р.