На Собрание на РСМ e објавен Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка.
Целта на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за железнички систем е усогласување со европското законодавство во делот на отворање на пазарот за железнички услуги што ќе се даваат од повеќе железнички превозници и усогласување и со националното законодавство во делот на употреба на јазиците. Предлогот на закон се заснова на начелата на уставност, законитост, транспаре-нтност и ефикасност.