„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за пристапување на Република Северна Македонија на Конвенцијата (С176) за безбедност и здравје во рудник

28.06.2023

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 20 јуни 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА (C 176) ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ВО РУДНИЦИТЕ
 
1. Република Северна Македонија да пристапи на Конвенцијата (C 176) за безбедност и здравје во рудниците.
2. Се задолжува Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-3727/10                                           Претседател на Владата
20 јуни 2023 година                       на Република Северна Македонија,
Скопје                                                        д-р Димитар Ковачевски, с.р