„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за ратификација на конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирување на полето на трудот 2019 (С190)

23.06.2023

Со Закон за ратификација на конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирување на полето на трудот 2019 (С190) , оваа конвенција ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата, вклучувајќи ги вработените што се дефинирани со националното право и практика, како и лицата што работат независно од својот догоорен статус, лицата на обука, вклучувајќи ги стажантите и практикантите, работниците чиишто работни односи престанале, волонтери, баратели на работа и кандидати за вработување и лицата што вршат овластување, должности или одговорности на работодавач.
Оваа конвенција се применува на сите сектори,без оглед на тоа дали се приватни или јавни, како во формалната, така и во неформалната економија и независно од тоа дали се во урбани или рурални подрачја.