Врз основа на членот 75, ставови 1, 2 и 3 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИТОФАРМАЦИЈА
Се прогласува Законот за изменување на Законот за фитофармација, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 14 јуни 2023 година.
Бр. 08-3264/1 Претседател на Република
14 јуни 2023 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНOT ЗА ФИТОФАРМАЦИЈА
Член 1
Во Законот за фитофармација (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 302/20 и 274/22), во членот 77 став (1) зборот „два“ се заменува со зборот „три“.
Член 2
Во членот 78 став (2) бројот „2022“ се заменува со бројот „2024“.
Член 3
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.