Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА (*)
Се прогласува Законот за изменувањеи на Законот за финансиска дисциплина (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 14 јуни 2023 година.
Бр. 08-3247/1 Претседател на Република
14 јуни 2023 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА (*)
Член 1
Во Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на Република Македонија“ број 187/13, 201/14 и 215/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 124/19 и 122/21), во членот 6 став (1) бројот „60 “ се заменува со бројот „30“.
Во ставот (2) бројот „90 “ се заменува со бројот „60“.
Во ставот (3) зборовите: „60, односно 90“ се заменуваат со зборовите: „30, односно 60“.
Во ставот (6) зборовите: „триесеттиот ден“ се заменуваат со зборовите: „петнаесеттиот ден“, а зборовите:
„четириесет и петтиот ден“ се заменуваат со зборовите:
„триесеттиот ден“.
Во ставот (7) зборовите: „30, односно 45“ се заменуваат со зборовите: „15, односно 30“.