Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НАЦИОНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА НА ПРОСТОРНИТЕ ПОДАТОЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 14 јуни 2023 година.
Бр. 08-3246/1 Претседател на Република
14 јуни 2023 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НАЦИОНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА
НА ПРОСТОРНИТЕ ПОДАТОЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија(„Службен весник на Република Македонија” број 38/14 и 106/16), во насловот зборовите: „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите: „Република Северна Македонија“.
Член 2
По членот 5 се додаваат нов наслов и нов член 5-а, кои гласат:
„Регистар на збирки на просторни податоци Член 5-а
(1) Евидентирањето на збирките на просторни податоци за темите дефинирани во членот 5 од овој закон и дефинирањето на субјектите во НИПП во чија надлежност се податоците, се врши во Регистарот на збирки на просторни податоци.