„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог

21.06.2023

Врз основа на член 136 став (3) од Законот за управување со отпадот (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.216/21), министерот за животна средина и просторно планирање донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА
ПРЕКРШОЧНИОТ ПЛАТЕН НАЛОГ
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог.
Член 2
Прекршочниот платен налог за микро трговец, мал трговец, средeн трговeц и голем трговeц кое е правно лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог бр.1, кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Прекршочниот платен налог за одговорното лице во правното лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог бр.2, кој е составен дел на овој правилник.
Член 4
Прекршочниот платен налог за физичко лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог бр.3 кој е составен дел на овој правилник.
Член 5
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр.13-3728/1                                        Министер за животна средина
9 јуни 2023 година                                     и просторно планирање,
Скопје                                                                 Каја Шукова, с.р.