Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 14 јуни 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРОЦЕНТОТ НА ЗАФАЌАЊЕ ОД ВКУПНИОТ ГОДИШЕН ПРИХОД, ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И ВОДНИ УСЛУГИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА
1. Процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2023 година, се утврдува да изнесува:
- 0,0453% од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење енергетска дејност и од странските друштва кои вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија и
- 0,0453% од годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давањето водни услуги.
2. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Бр. 08 - 3251/1 Претседател на Собранието
14 јуни 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје м-р Talat Xhaferi, с.р