„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Програма за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2023 година

14.06.2023

Врз основа на член 9 став (1) од Законот за орган- ско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09, 53/11, 149/15, 39/16 и 132/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 6 јуни 2023 година, донесе
ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ОРГАНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО
ПРОИЗВОДСТВО ЗА 2023 ГОДИНА
I
Средствата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2023 година во вкупен износ од 104.000.000,00 денари, обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.282/22) раздел 14004 - Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст Агенција), програма 2, потпрограма 20, ставка 464-разни трансфери ќе се користат според следните мерки, и тоа за: