„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА

13.06.2023

Врз основа на член 170 став (1) од Законот за заштита на потрошувачите (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.236/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 6 јуни 2023 година донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА
I.Вовед
Со оваа програма се утврдуваат основните цели на политиката за заштита на потрошувачите, мерките и активностите за остварување на политиката за заштита на потрошувачите, советувањето, едукацијата и информирањето на потрошувачите и средствата за реализирање на оваа програма.
II. Цели на политиката за заштита на потрошувачите
Основната цел на политиката за заштита на потрошувачите е унапредување и заштитата на правата на потрошувачите.
Согласно стратешките приоритети на Европската Унија за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, високите стандарди за заштита на потрошувачите утврдени во оваа програма, се однесуваат на:
- подобрување на законодавството за заштитата на потрошувачите;
- подобрување на информираноста и едукацијата на потрошувачите, како и подигање на свеста за нивните права и
- зајакнување на соработката помеѓу институциите вклучени во заштитата на потрошувачите и поддршка на невладиниот сектор, во делот на заштита на потрошувачите.