„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

УПАТСТВО ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА ПЛАТЕЖНАТА СТАТИСТИКА

12.06.2023

 Врз основа на член 48 став 1 точка 3 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21) и точка 12 став 1 од Одлуката за содржината, начинот, формата и роковите за доставување на податоците и информациите за платежната статистика („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 12/23), гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе

У П А Т С Т В О
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПЛАТЕЖНАТА СТАТИСТИКА
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
1. Со ова упатство се дефинираат видот и описот на податоците и информациите за платежната статистика и начинот на нивното доставување до Народната банка на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Народната банка).
2. Oдделни изрази употребени во ова упатство го имаат следново значење:
- „Активни плаќачи“ се корисниците на платежни услуги кои во текот на календарската година за којашто се известува иницирале најмалку една платежна трансакција преку интернет и/или решение за мобилно плаќање.
„Активни пристапувачи“ се корисниците на платежни услуги кои во текот на календарската година за којашто се известува најмaлку еднаш направиле увид во состојбата или промените на сметката преку интернет и/или решение за мобилно плаќање.