„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

31.05.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 26 мај 2023 година.
Бр. 08-2951/1                Претседател на Република
26 мај 2023 година           Северна Македонија,
Скопје                            Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Член 1
Во Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), во член 110 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
„(4) Министерот за финансии во согласност со министерот за труд и социјална политика го пропишува начинот и местото на исплата на платата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдени со закон.”.
Член 2
По членот 117 се додава нов член 117-а, кој гласи:
„Член 117-а
(1) По исклучок од членот 117 ставови (1), (2) и (7) од овој закон, за работа на проекти од стратешко национално значење утврдени со закон, а заради потребата од континуитет во работата, прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно, по претходна дадена писмена согласност од страна на работникот.
(2) Работата над 40 часа неделно се смета и се плаќа како прекувремена работа, со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор, во согласност со членовите 133 и 134 од овој закон.”.
Член 3
Во членот 134 став (3) во алинејата 42 сврзникот „и” се заменува со запирка.
Во алинејата 43 точката на крајот на реченицата се заменува со сврзникот „и” и се додава нова алинеја 44, која гласи:
„- работи на проекти од стратешко национално значење утврдени со закон.”.
Член 4
Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија да утврди пречистен текст на Законот за работните односи.
Член 5
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.