Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
УТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС И НОМИНИРАЊЕ НА СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРНИОТ КОРИДОР 8 (ДЕЛНИЦА: ТЕТОВО – ГОСТИВАР – БУКОЈЧАНИ И ПРОЕКТОТ ЗА АВТОПАТОТ ТРЕБЕНИШТА – СТРУГА – ЌАФАСАН) И КОРИДОРОТ 10 д (ДЕЛНИЦА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА) ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 26 мај 2023 година.
Бр. 08-2955/1 Претседател на Република
26 мај 2023 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС И
НОМИНИРАЊЕ НА СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРНИОТ КОРИДОР 8 (ДЕЛНИЦА: ТЕТОВО – ГОСТИВАР – БУКОЈЧАНИ И ПРОЕКТОТ ЗА АВТОПАТОТ ТРЕБЕНИШТА – СТРУГА – ЌАФАСАН) И КОРИДОРОТ 10 д (ДЕЛНИЦА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА) ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 1
Во Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 163/21), членот 15 се менува и гласи:
„(1) Прометот на добра и/или услуги извршен кон
Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, финансиран согласно со членот 5 од овој закон е ослободен од данок на додадена вредност со право на одбивка на претходен данок.
(2) За прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10 д (автопатска делница Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, финансиран согласно со членот 5 од овој закон, за кој Инвеститорот е даночен должник во согласност со членот 32 точка 4 од Законот за данокот на додадена вредност, истиот е ослободен од обврската да пресмета и плати данок на додадена вредност.
(3) Прометот на добра и/или услуги извршен кон Стратешкиот партнер, наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10 д (автопатска делница Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, финансиран согласно со членот 5 од овој закон, е ослободен од данок на додадена вредност со право на одбивка на претходен данок.
(4) За прометот на добра и услуги кој е извршен кон Стратешкиот партнер наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10 д (автопатска делница Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, финансиран согласно со членот 5 од овој закон за кој Стратешкиот партнер е даночен должник во согласност со членот 32 точка 4 од Законот за данокот на додадена вредност, истиот е ослободен од обврската да пресмета и плати данок на додадена вредност.
(5) За извршениот промет на добра и услуги ослободен од данок на додадена вредност согласно со ставовите (1) и (3) на овој член, вршителот на прометот во фактурата наведува „данокот на додадена вредност не е пресметан“ и го наведува основот за ослободување од данок на додадена вредност, односно членот 15 од овој закон.
(6) За прометот на енергенти извршен кон Стратешкиот партнер, наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10 д (автопатска делница Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, финансиран согласно со членот 5 од овој закон, Стратешкиот партнер има право на враќање на износот на платената акциза на енергенти, по подне[1]сување на барање до царинскиот орган и приложување на фактури кои треба да го содржат износот на платената акциза, како и потврда од Инвеститорот дека енергентите се употребени за намената предвидена со овој закон.
(7) Во фактурата за извршен промет кој e ослободен од данок на додадена вредност согласно со ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член како и во фактурата за извршениот промет согласно со ставот (6) на овој член, освен име (назив) на примателот на доброто или корисникот на услугата, задолжително се наведува и називот на овој закон.
(8) Увозот на добра/стоки извршен од страна на Стратешкиот партнер, наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10 д (автопатска делница Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, финансиран согласно со членот 5 од овој закон, е ослободен од данок на додадена вредност, увозни давачки, акциза на енергенти и данок на моторни возила за времетраењето на Проектот.
(9) При увоз на добрата/стоките ослободени согласно со ставот (8) на овој член, Стратешкиот партнер на надлежниот царински орган задолжително му доставува потврда од Инвеститорот дека увезените добра/стока се наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10 д (автопатска делница Прилеп – Битола).
(10) Прометот на добра и услуги од ставовите (3), (4) и (6) на овој член, како и увозот на добра/стоки од ставот (8) на овој член, не може да го надмине износот од Договорот за градење од членот 6 од овој закон.“.
Член 2
По членот 15 се додаваат два нови члена 15-а и 15- б, кои гласат:
„Член 15-а (1) За остварување на правото од членот 15 став (6) од овој закон, Стратешкиот партнер поднесува барање за враќање на платената акциза до царинскиот орган.
(2) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член и потребната документација која треба да се достави кон барањето, ги пропишува министерот за финансии.
(3) За остварување на правото на враќање односно ослободувањето од членот 15 ставови (6) и (8) од овој закон, Стратешкиот партнер поднесува барање до Инвеститорот за издавање на потврда дека прометот и увозот на добрата/стоките се наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридор 10 д (автопатска делница Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија.
(4) Потврдата од ставот (3) на овој член треба да биде издадена од страна на Инвеститорот во рок од пет работни дена по поднесување на барањето од страна на Стратешкиот партнер.
(5) Формата и содржината на барањето и на потврдата од ставот (3) на овој член и потребната документација која треба да се достави кон барањето, ги пропишува министерот за транспорт и врски.
Член 15-б
(1) Добрата/стоките кои биле ослободени од плаќање на данок на додадена вредност, увозни давачки, акциза на енергенти и данок на моторни возила врз основа на членот 15 став (8) од овој закон, во рок од три години од денот на увозот, не смеат да се отуѓат, да се дадат на користење на друг, да се позајмат или поинаку да се употребат за други цели, а не за оние за кои биле ослободени од плаќање увозни давачки пред да бидат платени увозните давачки. Таквите предмети не смеат да се дадат во залог, да се изнајмат или да се дадат како обезбедување за други обврски. Ограничувањето од овој член нема да важи при извоз на добрата/стоките кои биле ослободени од данок на додадена вредност, увозни давачки, акциза на енергенти и данок на мотор[1]ни возила врз основа на членот 15 став (8) од овој закон.
(2) Доколку имателот на правото, пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член, добрата/стоката кои билe ослободени од плаќање на данок на додадена вредност, увозни давачки, акциза на енергенти и данок на моторни возила врз основа на членот 15 став (8) од овој закон има намера да ги отуѓи, да ги даде на користење на друг, да ги позајми или поинаку да ги употреби за други цели, а не за оние за кои билe ослободени од плаќање увозни давачки, поднесува барање за плаќање на царински долг до царинскиот орган.
(3) Висината на царинскиот долг од ставот (2) на овој член, царинскиот орган го пресметува врз основа на елементите за утврдување на давачки што важеле во моментот на поднесување на барањето за плаќање на царински долг.
(4) Во случај на непридржување на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член, висината на царинскиот долг се пресметува врз основа на елементите за утврдување на давачки во моментот на прифаќање на царинската декларација, врз основа на која стоката била ослободена од плаќање увозни давачки.“.
Член 3
Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 4
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија.