„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРОГРАМА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКА НА СВЕЖО ОВОШЈЕ ЗА 2023 ГОДИНА

18.05.2023

Врз основа на член 45 став (3) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), а во врска со член 32 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 мај 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА
ПОТРОШУВАЧКА НА СВЕЖО ОВОШЈЕ ЗА 2023 ГОДИНА
1)            Со оваа програма ќе се реализираат мерки за финансиска поддршка во земјоделството за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје произведено во 2023 година во Република Северна Македонија.
2)            Средствата за реализација на оваа програма во износ од 40.000.000,00 денари обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22), раздел 140.04 - Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во натамошниот текст: Агенцијата), Потпрограма 22 - Поттикнување на потрошувачка на свежо овошје, млеко и млечни производи, ставка 464 - Разни трансфери ќе се користи за:
Текст на