Целта на предлог на Закон за употреба на македноскиот јазик e:
- Подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо;
- Афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација;
- Почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока.
Задолжително ќе се лекторираат меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, но задолжително ќе се лекторираат и публикациите и учебниците што се издаваат на македонски јазик, магистерските и докторските трудови што се напишани на македонски јазик, како и тие што се преведуваат на македонски јазик од други јазици, плакатите, летоците, проспектите, транспарентите и друг вид рекламен материјал во физичка форма на правните лица, понатаму називите на производите, амбалажите, налепниците, упатствата, декларациите, сертификатите, лекарствата, сметките, фактурите, уплатниците, потврдите и слично. Задолжително лекторирање врши само лектор со лекторска лиценца.