Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ И СЕ ИСПРАЌААТ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА И ТРАНЗИТИРААТ НИЗ РЕПУБЛИКА СРБИЈА
Член 1
Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат и се испраќаат од Република Србија и транзитираат низ Република Србија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 160/21, 198/22, 3/23 и 34/23), Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 02-1470/1 Агенција за храна и ветеринарство
5 мај 2023 година в.д. директор,
Скопје Николче Бабовски, с.р
Прилог
Региони во Република Србија:
Пиротски/Pirotski,
Борски/Borski,
Зајечарски/Zajecarski,
Нишавски/Nishavski,
Поморавски/Pomoravski,
Браничевски/Branicevski,
Јабланички/Jablanicki,
Јужно-банатски/Juzno-banatski,
Пчински/Pcinski,
Моравички/Moravicki